Мултимилионската инвестиција и електричниот автомобил „E-Go“ кој ќе се произведува во ТИРЗ во Тетово е нашиот влог за идните генерации, сподели премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски.
„Ова е иднината, и на индустријата и на заштитата на животната средина. Но ова е иднината и на образованието.
Вакви инвестиции, вакви фабрики, го менуваат образованието во државата, обезбедуваат економска вредност и технолошки развој кои ќе го променат животот во локалната заедница“, додава тој.