Мандатарот на новата Влада, Димитар Ковачевски денеска соопшти дека ќе го поништи тендерот за угостителски прибор и бела техника, потребен за државните институции, што се состои и од скапи порцелански чаши и чинии.

-Немам детали за таа набавка бидејќи се уште не сум на позиција во Владата, која може да има увид во таков тип на јавни набавки. Откакo ќе станам дел од владата, ќе се информира за таа набавка и доколку е во обем и постапка која не е соодветна на очекувањата на Владата, ќе ја поништам, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во Собранието.

Ваквата набавка Службата за општи и заеднички работи на Владата ја оправда со објаснување дека е за потребите на сите државни институции.