Цената на лебот веќе се намали, цените на маслото за јадење на некои производители исто така се намалија како резултат на последната мерка, а во наредиот период очекувам стабилизирање и намалување на цените на основните прехрамбени производи до 10%, порача премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од преполната сала во Куманово.

„Антикризните мерки даваат резултат, но имаме уште работа. Децата мора да одат в училиште, мора да имаат греење, мора да има електрична енергија за да функционираат градинките, училиштата. Мора да функционираат и болниците, здравствените работници да имаат услови за работа и да се грижат за здравјето на пациентите. Затоа во регулираниот пазар на струја овозможивме да се вклучат јавни здравствени установи, како и 365 основни и 109 средни училишта, вкупно 518 субјекти.

Тој потсети дека покрај субценионирањето на цената на струјата, обебзедена и дополнителна финансиска помош за електрична енергија за семејствата со ниски примања.

„Продолжува и програмата за енергетска сиромаштија со која парично и директно помагаме 4.000 семејства и им обезбедуваме намалени сметки за потрошената електрична енергија. Со оваа мерка, секое семејство е помогнато со скоро 200 евра во текот на годината, додаде Ковачевски во Куманово на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.