„Владата, надлежните институции преземаат конкретни чекори за надминување на последиците од енергетската криза. Работиме на сепфатно решение за заштита на граѓаните од посакувањата. Активирани се сите домашни капацитети за производство на електрична енергија. Вчера на владина седница беа обезбедени дополнителни 670 милиони денари за АД ЕСМ за производство на електрична енергија и вложување во проекти во обновиливи извори на енергија со што ќе го подобри билансот на произведена електрична енергија. веќе почнавме со обезбедување на ликвидни средства и да обезбедиме парното греење во Скопје“ порача претседателот Ковачевски.

Министерството за финансии, каде што и јас бев вклучен, веќе на првите знаци на покачувањето на цената на енергенсите веднаш интервениравме со намалување на стапката на ДДВ за електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи од 18 на 5% и кога видовме дека цената на електричната енергија не застанува, туку напротив расте. Тогаш веќе почнавме со обезбедување на ликвидни средства и со давање на наредби да сите производствени капацитети бидат пуштени во погон со цел да се обезбеди електрична енергија од домашно производство, така да од тој аспект како влада реакцијата беше брза и навремена.“- смета претседателот на СДСМ и мандатар, Димитар Ковачевски, во интервјуто на телевизија Телма.