„Можам да кажам дека СДСМ навистина располага со еден голем кадровски потенцијал и затоа беа предложени поголем број на кандидати, меѓу кои што е и актуелниот претседател г. Пенадорвски, меѓутоа и бивши претседатели на партијата, бивши претседатели на државата, бивши секретари на партијата и видни истакнати членови на нашата заедница како на пример поранешни истакнати судии итн, кои што сите се би рекол луѓе кои што навистина заслужуваат почит и кои што заслужуваат да бидат контактирани и да бидат прашани дали би сакале да бидат дел од кампањата на СДСМ.” истакна претседателот на СДСМ Ковачевски во интервјуто за МИА.

Претседателот Ковачевски во интервјуто се осврна и на профилот на кандидатот за претседател и иден претседател „Тоа е кандидат којшто ќе дели европски вредности, кој ќе се залага за заокружување на процесот на ЕУ интеграции на државата до 2030 година, кој нема да ги дели граѓаните по ниту еден основ, не само етнички туку и по било која припадност на било кој граѓанин на нашата држава. Сметам дека СДСМ е единствена партија која може да даде таков кандидат и се потврдило во минатото дека кандидатите кои биле предложени од СДСМ а кои што станале претседатели на државата застапуваат токму такви вредности.”