Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ и прв вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија се приклучија на акцијата на општинската администрација и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во акцијата на садење дрва и збогатување на зелениот простор по повод Денот на пролетта.

Во изјавата за медиуми, Ковачевски истакна дека со оваа активност Општина Центар претставува одличен пример за тоа на кој начин треба да се одржува и хигиената и зазеленувањето на општината, и дека оваа акција дава пример дека средината, екологијата е нешто за коешто сите ние мора да се грижиме

-За жал Градот Скопје во последните 2 години се наоѓа во една би рекол запуштена состојба. Практично Скопје е како развластен град по победата на ВМРО – ДПМНЕ на локалните избори. Практично како и да немаме градоначалник, да нема Совет. Со тоа се потврди дека оние ветувања кои беа дадени пред 2 години од страна на ДПМНЕ, од страна на нивниот претседател и раководство, дека ќе добиеме градоначалник кој ќе го осовремени градот беше едно лажно ветување чијшто резултат на крајот сите го гледаме. – истакна Ковачевски.