„Енергетската криза е европска енергетска криза, таа се појави како резултат на постапандемискиот период и обично после секоја голема пандемија и тоа го потврдува економската историја, економската наука, секогаш се јавуваат инфлаторни движења и секогаш се јавува дисбаланс помеѓу понудата и побарувачката на одредени продукти, пред се мислам на факторите на базична инфлација и тоа на енергенсите и на храната. Ние сме во една поспецифична ситуација затоа што сме увозно зависна држава од електрична енергија, тоа се должи на тоа што 30 години во држава не е инвестирано во енергетски капацитети..и она што како влада го правиме дадовме задача на институциите од енергетскиот систем на државата дека сите расположливи капацитети треба да бидат пуштени во производство за тоа државата обезбеди финански средства со цел да обезбеди ликвидност во системот.“- објасни мандатарот Димитар Ковачевски на телевизија Телма.