Оваа Влада две години функционира во услови на пандемија, со сите предизвици да се задржи економскиот стандард на граѓаните, што практично е потврдено и со последниот извештај на Меѓунардниот монетарен фонд, дека благодарение на тие мерки над 60.000 работни места се спасени и не се загубени. Како дел од министерството за финансии и јас учествував во креирањето на мерките, рече вечерва претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Телевизија Канал 5.

Ковачевски најави дека новата влада ќе преземе навремени мерки за заштита на граѓаните и семејавата од глобалната енергетска криза, преку воведување на ваучери за сметките за електрична енергија но и други мерки, како и за помош на стопанството.

Социјалдемократските вредноси преточени во економскиот концпет за враќање на партите кон граѓаните дадоа резултат, беше покачена минималната плата за речиси 6.000 денари, беше покачена социјалната помош за 300%, порасна просечната плата. Новата Влада особено ќе се посвети на зајакнување на економскиот стандард на граѓаните, додаде Ковачевски.