Во земјава има вкупно 6.813 активни случаи на КОВИД-19 од кои најголемиот број 3.413 се во главниот град по што следат Куманово со 564, Велес со 318, Охрид со 2018, Прилеп со 212 и Штип со 211. Најмалку активни случаи, по еден има во Демир Капија и Пехчево, следи Дојран со два и Македонски Брод со девет, а сите останати општини имаат двоцифрен или троцифрен број активни случаи.

Досега во земјава се направени вкупно 1.339.824 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 196.762, бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813.

Вчера од 3.595 тестирања регистрирани беа 395 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 245 пациенти, а починати се 14 пациенти од кои најмладиот од Битола на 22 години, пријавени се и седум пациенти преку „Мој термин” со датум на смрт од 5 септември до 10 октомври годинава.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од ново регистрираните од Скопје се 177 пациенти, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Охрид и Кочани – по 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип – 2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од: Скопје – 121, Велес 22, Куманово – 21, Штип – 15, Кавадарци – 10, Струмица – 8, Прилеп – 7, Кочани – 5, Битола, Дебар и Виница – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип – по 2, Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6 починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г), Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште седум починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Ситуацијата со КОВИД-19 е тешка во Русија каде о последниве недели е зголемен бројот на лица кои се заразуваат и умираат од коронавирусот. Вчера во Русија од КОВИД-19 починале повеќе од 1.000 лица, најмногу за еден ден од почетокот на епидемијата. Како што соопштија нивните здравствени власти, бројот на новозаразени со вирусот во последните 24 часа е 33.208, а бројот на смртни случаи изнесува 1.002.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко ја припишува сегашната состојба на однесувањето на населението и недоволната вакцинација, и покрај достапноста на неколку национални вакцини. Од почетокот на пандемијата во Русија од КОВИД-19 починаа вкупно 222.315 луѓе.

И во Словенија вчера има 1.437 нови случаи на КОВИД-19, а секој четврти тестиран бил позитивен на коронавирусот. Починале четворица пациенти.

Во Словенија во болниците моментално има 398 пациенти кои се лекуваат од КОВИД-19, од кои 119 се на одделенија за интензивна нега.Досега од почетокот на епидемијата во Словенија починале 4.635 лица од КОВИД-19.