“Ја поздравувам денешната одлука на македонскиот парламент за усвојување на измените на законот за заштита и благосостојба на животните со што одгледувачите и сопствениците на животни кои не обезбедиле заштита и благосостојбата на животните и не обезбедиле соодветни услови за чување на фармските животни се дава можност да им се изрече посебена прекршочна мерка – одземање на животните.” – ова го изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

336913496_102750112776940_1902934196205633044_n

Министерот Николовски исто така потенцира дека со ова законско решение се влијае на подобрувањето на благосостојбата на животните, се репресира можноста за нанесување на непотребна болка и страдање кај животните, а истовремено превентивно ќе се влијае на одгледувачите при нивната грижа за животните.