Синоќа во штаб на политичка партија во селото Арачиново се случила кражба во која била украдена храна.

Според извештајот на МВР, кражбата била пријавена вчера околу 21:30 часот откако претходно крадци ја оштетиле влезната врата, влегле и со себе однеле прехранбени производи. Полициска екипа од СВР Скопје извршила увид и се работи на расчистување на случајот.