На 01.11.2021 околу 16.10 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Х.(20) од Тетово, кој половина час пред тоа во спортска обложувалница на ул.„113“ во Тетово со употреба на сила одзел пари.

Тој бил приведен во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.