Денес градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски, заедно со секретарот на Општинската организација на Црвен крст, Дарко Пешовски, присуствуваа на свеченото потпишување од страна на министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчовска, на Договорите од вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво.
Дневниот центар ќе биде лоциран во просториите на Црвен крст, како давател на услуги во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги на МТСП со поддршка од Светска банка.
Продолжува унапредувањето на социјални услугиво нашиот град, продолжува грижата за сите граѓани, порачаа од општина Крива Паланка.