Со два нови проекти инвестираме нови 8.000.000 денари во Крива Паланка, соопшти градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.
-Денес ги потпишав договорите за изградба на Куков Дол и изградба на нова канализациона мрежа во Трнци. Преку Министерството за животна средина и просторно планирање инвестираме:
5.000.000 денари за канализација во село Конопница ,населба Трнци и
3.000.000 денари за изградба на Куков Дол, порача вчера Митовски и додаде:
Градиме и вложуваме во нови проекти за подобрување на квалитетот на живот на жителите од сите делови на општината.