ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Н.(56) од Кичево и против А.А.(42) од струшкото село Франгово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на огнено оружје“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопшти попладнево МВР.

Според МВР, на 11 мај 2021 година, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Струга, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, извршиле преглед во патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.А. и во него пронашле и одзеле пиштол „НК“ и 50 куршуми калибар 9 милиметри. Тој, предметите, според МВР, претходно ги добил при контакт со А.Н. во близина на бензиска пумпа, на магистралниот пат Струга-Кичево.