Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против О.Г. (46) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, на 20.11.2021 на Граничен премин „Табановце“ пријавената приложила фалсификуван ПЦР тест.