Кривична пријава е поднесена против 26-годишен жител на кочанското село Зрновци поради објава на Фејсбук со повик за насилство и смртни закани.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека кривичната пријава е поднесена против Д.Ѓ.
-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, на 08.01.2021 полициски службеници од ОВР Кочани на службен разговор го повикале Д.Ѓ.(26) од с.Зрновци, кочанско. Тој на 07.01.2020 на својот „Фејсбук“ профил, споделил објава со повик за насилство и смртни закани, соопшти МВР.
Одземен е мобилниот телефон од Д.Ѓ. и известен е јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против Д.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.