СВР Битола, СВР Куманово и СВР Охрид поднесоа кривични пријави против Д.Т.(43) и З.Б.(35) од Битола, А.В.(32) од Крива Паланка, Ч.А.(35) и В.А.(34) од с.Заграчани – Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Тие, во периодот од 22.03 до 18.04.2021 без дозвола за движење се движеле за време на ограничувањата дадени од страна на Владата на Република Северна Македонија за забрана за движење на возила и лица во периодот од 20.00 до 05.00 часот.