Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во изјава за медиумите, во однос на возачот кој го превезуваше првоосомничениот Љупчо Палевски во Турција и кој беше приведен на влез во земјава на граничен премин кај Дојран, истакна дека ќе биде поднесена кривична пријава.
„Согласно она што го имаме потврдено, службите ме информираа дека ќе се поднесе кривична пријава“, изјави Спасовски.