Поднесена е кривична пријава против 36-годишниот М.А. за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново и други лица.

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан од 01.04.2024 во село Арачиново, скопско, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, додека вршеле увид во градежни работи, од страна на непознато лице од автоматско оружје биле испукани повеќе проектили, при што со повреди се здобиле Е.С.(39) и А.А.(22), извести МВР.

„Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно-тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот. По целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења, на 16.07.2024 до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против М.А. (36) за сторено кривично дело „убиство во обид“, предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл.19 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.