Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 53-годишниот А.Н. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, извести МВР.

„На 29.02.2023 во Општа болница Струга, пријавениот физички ја нападнал вработената Р.Н.(22) од Струга и ѝ нанел повреди“, соопшти МВР.