Надворешната канцеларија за Криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.С.(27) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 18.09.2023 на паркинг просторот на место викано „Зелен пазар“ во Крива Паланка пријавениот на И.Р од Крива Паланка му дал да користи марихуана.