Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.С.(53) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Во периодот од мај 2023 до јануари 2024 од имот во с. Жидилово, сопственост на тројца браќа, пријавениот одзел повеќе предмети.