ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.П.(52), Р.М.(43) и Л.М.Н.(32), тројцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 01.08.2024 во угостителски објект во Крива Паланка, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, пријавените физички го нападнале С.В. од село Радибуш.