СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.П.(73) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

– На 28.07.2024 во село Секулица, кратовско, пријавената го пуштила нејзиното куче без да биде обезбедено и без надзор, кое отишло во дворно место од викенд куќа на друго лице и каснало 60-годишна жена од истото село, информираа од полицијата.