Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Т.А.(58) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во текот на 2023 година извршил доградба на објект за домување без да поседува одобрение за градење издадено од надлежен орган.