СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.И.(20) од Република Украина, со живеалиште во Република Бугарија. На 20.11.2024, пријавениот со патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, при излез од државата на Граничниот премин Деве Баир, приложил фалсификувана украинска возачка дозвола.