СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(24) од Охрид.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.

Имено на 14.04.2024 на магистралниот пат Охрид – Кичево, пријавениот со своето возило „ренџ ровер“ се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија и побегнал, а по кратко време на булеварот„Железничка“ предизвикал сообраќајна незгода.