Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.Р.(59) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Пријавената, вработена во Здравствен дом во Крива Паланка, во текот на 2021 сама си издала архивски заверен документ со печат од установата, за да добие кредит, по што аплицирала и ѝ бил одобрен кредит врз основа на документот кој го фалсификувала, соопшти полицијата.