ОВР Неготино поднесе кривична пријава против Д.Д.(40) и Р.Ј.(63), двајцата од Неготино, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело кражба.

Пријавените, вработени во АД „ТЕЦ Неготино“, во јуни 2022 година во повеќе наврати преточувале турбинско масло од резервоар од кругот на АД „ТЕЦ Неготино“, по што Д.Д. со своето возило во пластични туби го носел во својот дом.