На 03.02.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Центар, 36-годишен маж од кривопаланечко село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 93.000 денари. Според пријавеното, на 02.02.2024 лицето му се јавило и му понудило градежен материјал, по што се договориле да купи и да му го однесе на градилиштето каде што работи. Како што е пријавено, на 03.02.2024 пред градилиштето дошол камион со градежен материјал, а пристигнало друго лице, кое наводно работело за пријавениот и на кое тој му ги дал парите. Исто така, според пријавеното, откако си заминало лицето, возачот на камионот се уште не го растоварал камионот и чекал да му плати, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.