83-годишен пациент од Крива Паланка почина од коронавирус во изминатото деноноќие. Пациентот починал во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Во општина Крива Паланка заклучно со денешниот Извештај има активни 54 случаи на Ковид-19, додека 107 досега се оздравени.

Во последните 24 часа се направени 2441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на ковид-19 на ниво на цела држава.