На 19.11.2024 во 08.42 часот во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ж.С.(51) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во рудник во Крива Паланка. Екипа од ОВР Крива Паланка извршила увид, а за настанот биле известени трудова инспекција и јавен обвинител.