Како убава честитка по повод матурирањето – денес сите 134 матуранти од нашиот град, од СОУ “Ѓорче Петров”, ги добија финансиските средства од општината преку мерката за поддршка на млади – воведена минатата година, соопшти градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.
Ова е втора генерација матуранти кои од буџетот на Општина Крива Паланка добиваат по 3.000 денари – еднократна парична помош во пресрет на матурската прослава.
– Младите се во фокусот на работата на општината, младите се иднината! Среќна матура драги матуранти, вашите успеси се наша заедничка радост! – порача Митовски.
Сподели
Facebook