Никола Јакимоски од Охрид денеска беше најсреќен меѓу охриѓани. Тој беше највешт меѓу неколкуте стотини верници и успеа да го извади Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро.

„Да ни е за многу години, здравје, љубов на сите, здравје како дрен и радост бидејќи со радост е се поубаво и повесело“, рече тој.

При вадењето се случи еден несекојдневен настан, односно крстот се скрши при фаќањето, па едниот дел заврши кај друг учесник на Водици.