Носителот на листата на коалицијата “Можеме” Љупчо Николовски на фејсбук објави дел од гостувањето на ТВ Стар каде одговоара на прашањето “Дали има фамилијарна политичка традиција во семеството Николовски?”
“Баба ми велеше дека судбина ми било да сум поврзан со земјоделството и да го засакам истото. Како млад правник, никогаш не мислев дека ќе е така. Но, не само што баба ми погоди, туку и беше потполно во право! Благодарам на ТВ Стар што ме вратија назад во детството со прашањето” – напиша тој.
Инаку, дознаваме дека и пара-дедото и дедото на поранешниот министер за земјоделство, биле агрономи и работеле во расадник и во земјоделска аптека.