Семејна трагедија во Зрењанин ја шокира Србија. Утрово во населбата Багаш, како што пренесува „Блиц“, е уапсена 41 годишната С.М. која е осомничена дека со неколку убоди со нож го убила нејзиниот две години помлад сопруг и тоа во присуство на нивната петгодишна ќерка.

По наредба на Вишото Јавно Обвинителство во Зрењанин, осомничена С.М., која инаку работи како наставничка во основно училиште, ќе биде задржана во притвор во наредните 48 часа по што ќе следува поднесување на ркивична пријава и нејзино изведување пред обвинител.

Мотивите за убиството засега се непознати.