Денеска сите ние можевме да славиме, Македонија да се радува на отворање на поглавјата и продолжување на европскиот пат.
Виновникот зошто тоа не се случи има име и презиме – Христијан Мицкоски и ДПМНЕ, порача на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка од СДСМ.

Блокадите на антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица се единствената причина и покрај тоа што имаме успешно завршен скрининг процес, и покрај тоа што имаме силна и недвосмислена поддршка и отворени врати на ЕУ.

Заклучоците на европскиот совет се кристално јасни – имаме успешен скрининг и без одлагање ќе биде свикана втората меѓувладината конференција за отворање на поглавјата по изгласување на Уставните измени.

Ни се повтори 2008 година од истата политичка партија ДПМНЕ којашто тогаш го заглави членството во НАТО, се обиде да го блокира напредокот кон ЕУ.

Деструктивните активни блокади на ДПМНЕ во македонското Собрание е на штета на сите граѓани.

Затоа на изборите анриевропдкага коалиција на ДПМНЕ и Левица ќе биде казнета.

Активната блокада е времена блокада. Со победа на европскиот фронт предводен од СДСМ на двојните избори европскиот пат продолжува до полноправно членство во ЕУ, затоа што граѓаните заслужуваат и подобро и повеќе, заслужуваат европска иднина, рече на прес конференија Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.