Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Факт е дека постојат сериозни сомневања објавени во словенечки медиуми,  декаизвршителот на Никола ГруевскиХристијанМицкоски со црни пари финансира партискимегафони со цел да шират антидржавнамедиумска кампања – кампања против членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Факт е дека постои истражување според коешто сума од два и пол милиони евра завршила во телевизија Алфа и во три интернет портали Курир, Лидер и Нетпрес, сите познати по ширењето лажни вести и манипулации.

Факт е дека тоа се истите медиуми коишто режимот на Груевски со години ги финансираше со државни пари за да го одржуваат на власт.

Факт е дека СЈО има отворена истрага под име „Пропаганда“ во којашто осомничените функционери на ВМРО ДПМНЕ користеле народни пари за поткуп на одредени медиуми и за уредување вести.

Факт е дека преку штанцање лажни вести целта е да се брани криминалот на режимот и да се работи против членството во НАТО.

Потсетуваме, според истражувањето,  црните пари од Унгарија, медиумите на Мицкоски имаат задача да го поткопуваат Преспанскиот договор и антидржавно да делуваат во евроинтегративните процеси.

Од оваа прес конференција уште еднаш ги повикаме институциите да постапат по објавените информации за нелегални пари кои завршуваат во овие медиуми. Ние сме правна држава и законите мора да важат за сите подеднакво.

Како одговорна и демократска партија, СДСМ епосветен на унапредување на слободата наговорот и слободата на медиумите, но,истовремено и на борбата против лажните вести, како и сомнителното финансирање на медиуми.