Како држава направивме се за исполнување на условите и за започнување на преговори со ЕУ и оттаму, очекувањето Бугарија да ја тргне блокадата согласно европските вредности е навистина оправдано, порача портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, во одговор на новинарско прашање.

Одговарајќи на прашање околу новата владина коалиција, Кузеска истакна дека договорот со политичката партија Алтернатива е заокружен и дека наскоро ќе биде реализиран.

– Стабилно парламентарното мнозинство е создадено врз основа на принципи и за европскиот пат на државата, стабилност и напредок. Парламентарното мнозинство е постигнато со партии кои ги поддржуваат овие стратешки цели и кои се подготвени да понесат одговорност во ова време кога сме соочени со предизвици, како енергетската криза, пандемијата и севкупната живеачка на народот.“ посочи Кузеска.

Во однос на предвремени парламентарни избори, Кузеска истакна дека ставот на СДСМ е јасен и дека сега не е време за предвремени избори.

„Нема потреба за предвремени избори, сега е време за одговорност, во поглед на решавањето на предизвиците пред кои сме исправени, особено енергетската криза и пандемијата со коронавирусот.“ заклучи портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.