Прво зборувате дека Преспанскиот договор е лош, поттикнавте омраза кај луѓето, користејќи го зборот „северџани“, а сега овој договор е завршена работа, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5.

-Јавноста виде дека иницијатор да се создаде мнозинство беше Христијан Мицкоски, а не Кастриот Реџепи, и тој не успеа да собере 61 пратеник за да ја сруши Владата, дополни таа.

-Средба со Алтернатива ќе има, во преговори сме и со партиите и пратениците кои сакаат да одат напред, кои поддржуваат НАТО, ЕУ, Преспанскиот и Охридскиот договор, а Мицкоски се обиде да злоупотреби и да ги прелаже дека има мнозинство, но вистината излезе на виделина, додаде Кузеска.

Таа појасни дека не било логично пратениците на СДСМ да влезат во салата кога опозицијата најавила рушење на Владата

-Не влеговме во Собранието во салата по одлука на партијата на седница на која Мицкоски најави дека има мнозинство и дека ќе ја руши Владата, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои не влегуваа да гласаат за пакет мерки за помош на граѓаните кои тогаш и се потпишуваа и земаа дневници, појасни Кузеска.