Ланските одмори треба да се искористат до 31 мај, појаснува Министерството за труд и социјала. Оние категории вработени кои чуваат мали деца или се дома поради  хронични заболувања, треба да искористат 10 дена од одморот за 2020-та до 30-ти јуни, а останатите – до јуни 2021.

Од ваквите одредби, исклучок се вработените во АРМ, МВР, здравствените установи, инспекциите, противпожарните служби и домовите за стари лица.