Мостот кој требаше да биде почнат да се гради пред една година, а пред 2 дена го најави градоначалникот Јованоски редизвика бројни реакции. Во својата изборна програма градоначалникот Јованоски и СДСМ ветија дека ќе градат обиколница во западниот дел од градот. И ако сега градоначалникот алудира дека со изградбата на мостот во Сточен пазар, во зачеток е изградба на обиколница, мора да кажеме дека и самиот тој е во голема заблуда, изјави Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Но еве нему не му земаме за зло затоа што е лекар, но недозволиво е неговите советници да го манипулираат. Дека СДСМ е мајстор за спинување не постои човек на кого не му е јасно па се поставува прашањето дали ќе ја спинуваат и лагата дека овој сега многу популарен мост е дел од обиколницата? Повторувам, ветување кое е дел од програмата на Јовановски и СДСМ.
Мостот во Сточен пазар е само составен дел од собирна сообраќајница на ул. Трајко Николоски, која ги поврзува локалните улици од населбите кои ја тангираат оваа улица.
Апсолутно не сме против изградба на мост, но со ова решение кое го промовираше Јованоски се решава мостот, а се отвораат сообраќајни проблеми. Ова стеснување – проширување – стеснување, односно од тесна улица ќе се влегува во мост со 4 ленти, па на другиот крај повторно се излегува на тесна улица, може да биде причина за сообраќајни проблеми, рече Лашкоска.