Навистина ми е драго денеска што се гледаме тука, што успеавме благодарејќи на нашето членство кое што се случи минатата година во Европската Народна Партија, благодарејќи на нашата почитувана Дорис Пак. Тогаш разговаравме што ние заедно со фондацијата „Конрад Аденауер“ која што е фондација која навистина не поддржува и сакам да ја изразам мојата огромна благодарност до нив што ние можеме во Македонија да направиме и дали можеме да почнеме некакви регионални активности секако госпоѓата Дорис и луѓето задолжени за нас од „Конрад Аденауер“ кажаа дека можеме да направиме една регионална конференција на која што ќе говориме за правата на жените, на која што ќе говориме како ние од регионот да дојдеме и да влеземе во европското семејство спроведувајќи ги дел од програмите кој што ги има Европската Народна Партија, изјави за медиумите, Благица Ласовска претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

„Можам да се пофалам дека ние како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во нашата програма имаме вклучено дел од програмата која што ја има Европската Народна Партија односно жените од Европската Народна Партија и наша должност и наша задача е да се стремиме тие наши програмски цели, таа наша програмска визија да ја исполниме“, рече Ласовска.

„Јас сум убедена, гледајќи ве вас и знаејќи ја силата и капацитетот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ дека ние во таа цел ќе успееме.

Ви посакувам убав престој тука, ви посакувам плодна дискусија и би сакала да ги поздравам гостите кои што се од регионот тука, драго ми е што гледам драги и познати лица овде и се надевам дека овие три дена ќе имаме плодна и успешна регионална конференција.

Благодарам до „Конрад Аденауер“, благодарам Дорис што успеа да одвоиш време и да бидеш дел од овој настан“, истакна Ласовска.