Позитивна на Ковид 19, лекарка-интернистка во Кочани цели 11 дена чекала резултати од тестирањето за кое не знаел никој во болницата, објави Телма.

Таа преку матичен лекар добила упат за тестирање и за тоа време давала и дежурство. Резултатите биле дознаени во понеделникот навечер.

Државниот здарвствено-санитарен инспекторат извршил вонреден надзор и ги утврдил датумите за тестирањето, а дополнително ќе прави надзор и како матичниот лекар издал упат за тест бидејќи станувало збор за асимптоматски случај.

Епидемиологот од локалниот институт за јавно здравје ја врши анкетата за да се утврди како е заразена лекарката, а две нејзини колешки од кочанската болница сега се под надзор во домашни услови заедно со своите семејства, ни потврди Ирина Бухова од Инспекторатот.