Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски најавуви богата и разновидна програма следната недела во рамки на “Крива Паланка – Град на културата”:
Крива Паланка до крајот на месецот – неодминлива и атрактивна дестинација за посета:
Вторник, 20 август 2024
🕕18:00 – дефиле на учесници од Меѓународен фолкорен фестивал “Св.Јоаким Осоговски”;
🕕 18:00 Фестивал на храна и ракотворби – градски плоштад и парк;
🕕 18:00 презентација/ дегустација на познатата “Лесковачка скара”;
🕖 19:00 Отворање, прва фестивалска вечер – Меѓународен фолкорен фестивал “Св.Јоаким Осоговски”;
🕘 21:00 Настан – “Пауза за ракија”.
Среда, 21 август 2024
🕕 18:00 Дефиле на учесници – Меѓународен фолклорен фестивал “Св.Ј.Осоговски”;
🕕 18:00 Фестивал на храна и ракотворби;
🕖 19:00 Втора фестивалска вечер – фолкорен фестивал “Св.Јоаким Осоговски”;
🕘 21:00 “Пауза за ракија”.
 Четврток, 22 август 2024
🕕 18:00 Дефиле на учесници од Меѓународен фолкорен фестивал;
🕕 18:00 Фестивал на храна и ракотворби;
🕖 19:00 Меѓународен фолкорен фестивал св.Јоаким Осоговски;
🕘 21:00 настап на Елена Андоновска и “Седенка”.
– Не дозволувајте другите да ви раскажуваат, посетете ги настаните, бидете наши гости и уживајте. Крива Паланка Ве очекува, порача Митовски.