Во понеделник, на 8 јули на Летна сцена-градски парк во 20:00 часот ќе биде отворена Летна книжевна вечер, манифестација “Крива Паланка – Град на културата 2024” и “Кривопаланечко културно лето.”

Над 20-тина локални творци од Крива Паланка ќе бидат застапени на вечерта што ќе го презентира роднокрајното творештво од различни генерации автори од градот со публикувани дела. “Паланечка дума” ќе ги претстави сите роднокрајни автори на белетристика: поезија, романи и драми.