Одлуката на Рецензентска комисија и Наставно-научниот совет не само што е крајно контроверзна, туку е и директна порака дека во Македонија стручноста не вреди, а партиската лојалност и семејните релации се клуч за успех. Овој обичај продолжува да го зголемува одливот на мозоци – тренд што и владата на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ веќе во повеќе наврати, докажано, го стимулира! Имено, на истиот конкурс за доцент на Факултетот за безбедност при УКЛО се пријавиле и други двајца кандидати кои имаат неспоредливо поголеми квалификации од баџанакот на Тошковски. Еден од нив е и студент на генерација со далеку повисок просек од Јолакоски, со докажани академски и професионални успеси, бил демонстратор на Факултетот, магистрирал и во земјата и во странство, во текот на докторските студии бил визитинг истражувач во Турција и има објавено дупло повеќе научни трудови од избраниот доцент, соопшти оваа опозициска партија.

Се додава дела сепак, овој кандидат бил заобиколен за да му се даде предност на Јолакоски – личност со минимален просек, несоодветно образование, без теоретска основа и искуство кое нема допирна точка со полициските и криминалистичките науки, освен што одбранил докторска дисертација на Факултетот за безбедност, но без полагање на испити.

-Овој случај е уште еден доказ дека сегашната власт продолжува да ја уништува секоја институција заради лични интереси и хирови. Политичките и роднинските врски го гушат знаењето и талентот, создавајќи општество во кое младите ја губат вербата во можноста за успех во Македонија. Одлучувачките органи наместо да бидат наместо да бидат чувари на академските стандарди и квалитетното образование – станаа алатки за партиски и семејни договори кои дополнително го уриваат образовниот систем. Оттука бараме Државниот просветен инспекторат и Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да отворат предмет за овој еклатантен чин на непотизам и злоупотреба на функцијата.Мора да престане испраќањето на пораката: не е важно што знаеш и умееш, туку со кого се познаваш, се вели во соопштението од партијата.