Пратениците на Левица поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Африм Гаши, заради основано сомневање за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години.
Оваа прва пријава против актуелниот собраниски спикер е поднесена поради пропуштање службено дејствие и свесно и злонамерно несовесно и противзаконито постапување во случајот со неодземањето на мандатот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ – поради уставна инкомпатибилност и неспојливост на функциите „премиер“ и „пратеник“, се вели во партиското соопштение.