Адвокатот Панче Тошковски ќе го предводи Министерството за внатрешни работи во техничката влада, како предлог номиниран од ВМРО-ДПМНЕ потврдија од партијата.

Инаку Тошковски е претседател на правната и статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Впрочем Тошковски го застапува Мицкоски речиси на сите тужби што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги покренува.

Одредени медиуми пишуваа дека канцеларијата на Тошковски добивала огромен број на предмети од Водовод и канализација кога Данела Арсовска станала градоначалничка на Скопје, а јавното прептријатие го водеше Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ.

Тошковски, исто така е во кумовски врски со екс генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ а сега пратеник, Игор Јанушев